Култура Почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на МТВ и амбасадор во Италија

Почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на МТВ и амбасадор во Италија

Вчера во Скопје, по кратко боледување на 71 годишна возраст почина Љупчо Тозија, режисер и поранешен амбасадор на Република Македонија во Италија.

По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија, сѐ до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Рим, Република Италија.

Беше автор, режисер, уредник на редакции, а во периодот од 2002 до 2005 година директор и главен и одговорен уредник на МТВ. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ќе бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.