Македонија Почина обвинет во случајот „Шпион“

Почина обвинет во случајот „Шпион“

Суд

Зоран Костадиновски, четвртиот обвинет во случајот „Шпион“, починал и бил погребан на гробиштата во Драчево, потврдиле судски извори за „Нова ТВ“.

Костадиновски, кој беше вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, починал на 49-годишна возраст.

Нему му беше определена мерка притвор и три месеци одлежа во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

По три месеци, притворот му бил заменет со куќен, а на претпоследното судење во случајот „Шпион“, поради крајно влошена здравствена состојба, судот одлучил да ја издвои постапката против него и да му суди во одвоена постапка.