Хроника Почина и четвртото момче од сообраќајката кај Куманово

Почина и четвртото момче од сообраќајката кај Куманово

Момчето што беше повредено минатиот петок во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на Куманово, им подлегна на повредите во болница, дознаваме од болнички извори, пишува „Кирилица“.

До несреќата дојде кога автомобилот, поради неприлагодена брзина, излета од мостот кој од Куманово води кон Лопате и општина Липково, и падна на коловозната лента на автопатот кој води од Скопје и од Куманово кон граничниот премин Табановце.

По несреќата на автопатот се преврте и цистерна. Возачот на цистерната најверојатно се обидел да го избегне автомобилот во кој биле момчињата, при што го превртел камионот кој излетал на спротивната лента што води кон Скопје. Возачот со полесни повреди беше задржан во кумановската болница.