Македонија Почина д-р Тодор Пеливанов, долгогодишен професор на Правен факултет

Почина д-р Тодор Пеливанов, долгогодишен професор на Правен факултет

Тодор Пеливанов, пензиониран професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, починал денеска, соопшти деканатот на факултетот.

Тој беше припадник на првите генерации на професори кои ги удрија темелите на правната теорија во Република Македонија. Неговите трудови, учебници и предавања се во областа на воведните и теоретските правни науки.

Посмртните останки на проф. д-р Тодор Пеливанов ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел, утре од 12.30 до 13.30 часот.