Економија Побавен економски пораст во третиот квартал во однос на претходниот

Побавен економски пораст во третиот квартал во однос на претходниот

Солидниот пораст на домашната економија продолжи и во вториот квартал на 2015 година, но малку побавно во однос на претходното тримесечје, пораст од 0,9 отсто на квартална и од 2,6 проценти на годишна основа, се вели во кварталниот извештај на Народна банка.

– Овие промени се во рамки на очекувањата и упатуваат на заклучок дека неекономските фактори поврзани со домашните политички случувања и со економско-политичките настани во Грција имаа ограничени ефекти врз економијата во овој период од годината. Носители на порастот, како и во претходниот квартал, беа дејностите трговија, транспорт и сообраќај и угостителство, а позначителен пораст на додадената вредност беше забележан и во градежниот сектор – се вели во извештајот на Народна банка.

Во земјоделството, трет квартал по ред е забележана пониска додадена вредност, а пад на додадената вредност е забележан и во индустријата.