Дописници По црквата „Св. Богородица Перивлепта“, конзервација и на камбанаријата

По црквата „Св. Богородица Перивлепта“, конзервација и на камбанаријата

Откако црквата „Св. Богородица Перивлепта“ беше ставена под нов покрив и конзервирана, почна и конзервацијата на камбанаријата, како дел од програмата за заштита во 2015 година.

Во камбанаријата се чува и вредната донација, за тоа време најголемото црковно ѕвоно на Балканот, подарок од познатиот научник од светски рамки, Михајло Пупин. Научникот, роден во Идвор, Србија, потекнува од овие краишта. Најверојатно, предците се доселиле од денешна Албанија во Вевчани, каде постои семејство Пупиној и каде е подигната Спомен-соба на големиот научник – татко на глобализацијата. Во Охрид формирал и фонд за стипендирање талентирани ученици.

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, го изработи основниот проект за санациско-реставраторски зафати на објектот, кој подразбира промена на покривот, како и превентивни мерки за санација на фасадата.