Македонија По седум часа, патот меѓу Градско и Прилеп отворен за сообраќај во...

По седум часа, патот меѓу Градско и Прилеп отворен за сообраќај во двата правца

ЦУК предупредува да не се поминува по мостот кај село Пчиња, бидејќи е со слаба конструкција. Поради зголеменото ниво на водите во Крива Река кои ќе дојдат и до реката Пчиња, постои опасност од негово уривање

Фото: ЦУК

По седумчасовениот пркеин на сообраќајот на магистралниот пат Плетвар поради поплава и одрони, патот е пуштен во двата правца по 14 часот попладнево, соопштија од Центарот зa управување со кризи (ЦУК).

Утрово најдраматично беше на клучката кај мотелот Дреново, каде од обилните врнежи од дожд се излеа Раечка река кај село Раец, а водата носеше сè пред себе.

„Водите на Раечка река се повлека во речното корито, а екити на ЈП за оджување и заштита на магистрални и регионални патишта ги отстранија наносите од земја, камења и слично на патот.  Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп е пуштен во двата правци“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека поради обилни врнежи до дожд на повеќе локации низ земјава се излеани повеќе реки и затворени некои патни делници.

Во Општина Старо Нагоричане надојдена е и реката Пчиња кај Пелинце. ЦУК предупредува да не се поминува по мостот кај село Пчиња, бидејќи е со слаба конструкција. Поради зголеменото ниво на водите во Крива Река кои ќе дојдат и до реката Пчиња, постои опасност од негово уривање.