Македонија Пo Сашо Василевски и пратеникот Љубен Aрнаудов излегува од куќен притвор

Пo Сашо Василевски и пратеникот Љубен Aрнаудов излегува од куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје го прифати барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Aрнаудов, со гаранција да се брани од слобода, однoсно да му се укиине мерката притвор. Тој е еден од пратениците кои обвинителството ги товари за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

Утрово Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата од 400.000 евра и му ја укина мерката домашен притвор на Сашо Василевски, исто така пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.