Хроника Ѝ платил да имаат секс во хотел, а потоа ја ограбил

Ѝ платил да имаат секс во хотел, а потоа ја ограбил

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица, за два одделни случаи, кои се товарат за разбојништво и за разбојничка кражба.

Според полициските информации, во едниот случај, О.Ф. (23) од Демир Хисар, договорил состанок со девојка во хотел во Битола и ѝ платил одредена сума за сексуални услуги. Но, во моментот кога таа сакала да си замине од собата, осомничениот ја нападнал и ѝ ја одзел чантата во која имало околу 10.000 денари.

Во другиот случај, станува збор за тројца битолчани на возраст од 18 до 24 години, кои се обиделе да ограбат куќа во градот.

Осомничените успеале да провалат во куќата, но, според полицијата, не украле ништо.