Свет Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа...

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Дополнително, САД и европските сили повикаа Израел да ја осигура безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица беа повредени во израелски напади во јужен Либан изминатата недела

Image by Clker-Free-Vector-Images from Pixabay

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил).

Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во јужниот град Накуора бил повреден  за време на „воени активности во близина“, јавува Би-би-си. 

„Тој беше опериран во болница во Накура за да биде отстранет куршумот, моментално е стабилен“, велат во соопштението.

Дополнително, САД и европските сили повикаа Израел да ја осигура безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица беа повредени во израелски напади во јужен Либан изминатата недела.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „апсолутно“ бара од Израел да престане да пука кон мировниците.