Македонија Пет активни пожари, еден под контрола, 33 изгаснати

Пет активни пожари, еден под контрола, 33 изгаснати

Под контрола е пожарот на Галичица, каде е забележано чадење од внатрешноста

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Во последното деноноќие во дражвата се активни пет пожари, еден е под контрола, а 33 се изгаснати, пренесува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Чашка, Штип и Лозово. Два од активните пожари се во општината Студеничани. Гори мешана шума, норова шума, ниска вегетација, сува трева и нискостеблеста шума.

Под контрола е пожарот на Галичица, каде е забележано чадење од внатрешноста.