Македонија Пеплосана црквата „Св. Спас“ во Владимирово

Пеплосана црквата „Св. Спас“ во Владимирово

Стари икони, олтар изработен во Света Гора, црковни книги и реквизити кои се непроценливо богатство изгореа во вчерашната огнената стихија која за само еден час ја пеплоса црквата „Свети Спас“ во беровското село Владимирово.

Штетата е огромна. Во пожарот изгоре стар и вреден иконостас кој е под заштита на УНЕСКО.

– Црквата „Свети Спас“ беше единственото место каде месното население преку молитвите се доближуваше до севишниот. Таа беше единствениот храм во кој населението ги славеше сите весели моменти, но и тажеше по своите најблиски – вели свештеникот Илија Бокушевски.

Има неколку верзии за тоа како дошло до големата огнена стихија. Некои велат дека пожарот настанал од свеќите кај олтарот, а други дека се запалила електричната инсталација.