Македонија Пендаровски се сретна со Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за...

Пендаровски се сретна со Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Финула Ни Оилин, специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, е во работна посета на Македонија

Извор: Кабинет на претседател на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на земјава.

Од кабинетот информираат дека известувачката е фокусирана на активностите кои ги презема Северна Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на странски борци, жени и деца кои имаат наводни врски со одредени терористички групи.

Пендаровски изразил задоволство од соработката со Комисијата за човекови права на Обединетите Нации и нивната поддршка и експертиза во однос на законските решенија и политики за борба против тероризмот, истовремено обезбедувајќи заштита на човековите права и слободи.

„Извештајот за Северна Македонија со наоди и препораки ќе биде презентиран пред Советот за човекови права во март 2024 година“, информираат во кабинетот.