Македонија Пендаровски им го честита Божик на католичките верници

Пендаровски им го честита Божик на католичките верници

По повод големиот христијански празник Божик, според Грегоријанскиот календар, до сите католички и други верници кои го слават, како и до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх, денеска честитка упати претседателот Стево Пендаровски.

„На сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар, им го честитам големиот празник и им посакувам празничните денови да ги поминат во мир и во хармонија, исполнети со радост и со среќа“, рече Пендаровски.

Тој во своето обраќање додаде дека празникот на христовото раѓање асоцира на време поминато во прегратка на најблиските и топлината на нашите домови.

„Да ја испочитуваме традицијата и годинава да прославуваме во рамки на најтесното семејство, да избегнуваме движења, собирања и да придонесеме со одговорно однесување за запирање на пандемијата на ковид-19 и за зачувување на животите и на здравјето на нашите сограѓани. Нека големината на овој празник и неговото значење ни бидат духовна поткрепа и надеж за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие“, рече Пендаровски.

Вечерва централната прослава ќе се одржи во Скопје, во католичката црква „Просвето Срце Исусово“ и ќе биде дозволено присуство на помал број на верници поради пандемијата со ковид-19.

Божик утре го слават и ГрчкатаБугарскатаРоманскатаУкраинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар