Македонија Пендаровски: И по 11 векови делото на Кирил и Методиј е сè...

Пендаровски: И по 11 векови делото на Кирил и Методиј е сè уште живо

По повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј, претседателот Стево Пендаровски упати честитка со која вели дека ова е денот посветен на словенските апостоли, заштитниците на Европа, кои ни оставија азбука, книги, но и животопис.

„И по повеќе од 11 векови од нивното земско битисување делото на Кирил и Методиј е сè уште живо. Во 21 век, мајчиниот јазик и неговата употреба е основно човеково право кое е универзално почитувано“ се вели во честитката на претседателот.

Тој порача граѓаните да истраат и опстојат одговорно и солидарно.

„Празниците нека ни бидат инспириција и дополнителна мотивација за да останеме дисциплинирани, внимателни и сплотени за да ја победиме пандемијата“ – истакна Пендаровски.