Македонија Пендаровски и Галовеј засадија дабово дрво во чест на Кралицата Елизабета Втора...

Пендаровски и Галовеј засадија дабово дрво во чест на Кралицата Елизабета Втора (ФОТО)

Фото: Фејсбук провил на претседателот Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски заедно со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во дворот на Кабинетот на претседателот засадија дабово дрво, по повод одбележувањето на платинестиот јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

„Поддршка за оваа племенита и симболична иницијатива на Британската амбасада во Скопје, со која ќе бидат раззеленети 70 училишта, градинки, здруженија и институции низ СевернаМакедонија. Дабот симболизира лидерство, решителност и храброст, порача Пендаровски на Фејсбук.

Фото: Фејсбук провил на претседателот Пендаровски