Македонија Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите за реформа на безбедносните...

Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите за реформа на безбедносните служби

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија и на Законот за Агенција за национална безбедност, информираат од Кабинетот на претседателот.

„Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби. Со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за прв пат, се формира Совет за координација кој ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност.Во Советот за координација се претставени сите институции кои имаат надлежности во сферата на одбраната и безбедноста. Со Законот за Агенција за национална безбедност прецизно се регулира собирањето на податоци и информации значајни за безбедноста и одбраната на државата“, се додава во соопштението.