Македонија Патот Прилеп – Ресен во прекин поради свлечиште

Патот Прилеп – Ресен во прекин поради свлечиште

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Инаку, како што соопшти АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива вода, во местото Длабок дол, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.