Хроника Патник за Албанија „заборавил“ дека во џебот има 7.400 евра

Патник за Албанија „заборавил“ дека во џебот има 7.400 евра

Македонската царина запленила 7.400 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи автомобил со македонски регистраски таблички, се пријавил за излез од земјава на граничниот премин Ќафасан, кај Струга.

Патникот пријавил дека носи 2.000 евра, но при извршениот личен претрес, во неговиот паричник се пронајдени уште 7.400 евра за кои не поседувал потврда за потекло.

Во согласност со законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од земјата.