Македонија Партизираноста на медиумите е проблем на македонските партии, смета ДУИ

Партизираноста на медиумите е проблем на македонските партии, смета ДУИ

Демократската унија за интеграција смета дека ад хок телото за надзор на медиумите нема да ја спречи партизацијата и политизацијата на медиумите, која, како што вели Артан Груби, шеф на кабинет на лидерот на партијата Али Ахмети, е карактеристично само за макединските партии и медиуми.

„Партизираноста и политизираноста на медиумската сфера е карактеристика на македонските политички партии и на медиумите на македонски јазик. Тоа не е случај кај медиумите на албански јазик. Затоа и целиот проблем беше концентриран меѓу двете македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, вели Груби за „Телма“.

ДУИ, како што пренесува телевизијата, сè уште нема одлучено дали ќе предложи свој член и дали ќе учестува во работата на ова тело.

Прашан дали ад кох телото може да одговори на сите предизвици, Груби вели дека не е оптимист.

„Не верувам, но предизвиците околу известувањето за време на 100-те дена од пржинската или техничката влада која е обврзана да спроведе избори сметам дека можат тоа да го направат во соработка и со агенцијата за медиуми и се надевам дека тука и медиумите, особено оние на македонски јазик ќе се надминат себеси и ќе придонесат за една демократска и фер атмосфера за одржување на предвремените избори“, вели Груби.

Инаку, според договорот од 20 јули, по двајца членови на ад хок телото предлагаат опозациската СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од кои еден мора да биде Албанец. Петтиот член со конзенсус го именуваат четворицата избрани членови од партиите.

Ад хок телото треба да биде формирано до 19 август, а главниот уредник на МТВ треба да биде назначен 100 дена пред одржувањето на изборите.