Македонија Партијата на Ердоган го загуби мнозинството во парламентот

Партијата на Ердоган го загуби мнозинството во парламентот

Владејачката Партија на правда и развој (AKP) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на парламентарните избори, но го загуби апсолутното мнозинство и нема да може сама да формира влада.

Изборите беа клучни за иднината на турскиот претседател, кој се надевал дека неговата партија ќе добие двотретинско мнозинство од 330 пратенички места, што би овозможило промена на уставот и да му даде на Ердоган дополнителни претседателски овластувања.

Во турскиот парламент првпат влезе прокурдската левичарска Народна демократска партија, која има 78 застапници.