Македонија Парламентот ги изгласа членовите на анкетната комисија

Парламентот ги изгласа членовите на анкетната комисија

Со 81 гласа „за“, два „против“ и еден воздржан, Собранието ги изгласа претседателот, заменик-претседател и членовите на анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

Претседател на анкетната комисија е Петре Шилегов, а заменик-претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата се: Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова-Каревска.

Анкетната комисија се  формира во согласност со Договорот од Пржино за надминување на политичката криза.