Македонија Парични казни за поддржувачи на „Шарена револуција“ од Прилеп

Парични казни за поддржувачи на „Шарена револуција“ од Прилеп

Четворица поддржувачи на „Шарената револуција“ од Прилеп деновиве добиле записници за констатиран прекршок и платни налози со кои, во согласност со Законот за јавна чистота, се казнети со 50 евра во денарска противвредност, јавува порталот „Револуционер“.

Во записникот, доставен од МВР, се наведува дека комуналниот инспектор при локалната самоуправа на Општина Прилеп констатирал дека лицата сториле прекршок според чл.19, ст.1 од Законот за јавна чистота.