Свет Палестинците од Газа нема да смеат да се молат во џамијата „Ал...

Палестинците од Газа нема да смеат да се молат во џамијата „Ал Акса“

Израел денеска ги поништи дозволите за влез на верниците од појасот Газа  во ерусалимската џамија „Ал­ Акса“, откако синоќа ракета од палестинска територија паднала на југот од земјата, во близина на граничниот премин.

Координаторот за владините активности на окупираните територии, бригадниот генерал Јоав Мордехај, објасни дека 500 мажи и жени утре и в петок нема да влезат во Израел од појасот Газа, како што претходно било испланирано, бидејќи „безбедносните услови околу преминувањето не се стабилни“.

„Гренералот Мордехај најави дека Израел следната недела повторно ќе ги процени безбедносните услови за да донесе одлука дали да го отвори граничниот премин Ерез и жителите на Газа да можат да допатуваат во Ерусалим. ­Одговорност на Хамас е тоа што верниците се лишени од молитвата во џамијата „Ал ­Акса“ во текот на рамазанскиот пост. Не велам дека од Хамас ја истрелале ракетата, но организацијата е одговорна бидејќи го контролира појасот Газа“, изјавил Мордехај.