Свет Свет Паднал проектил на амбасадата на Русија во Дамаск

Паднал проектил на амбасадата на Русија во Дамаск

Руското министерство за надворешни работи повика на конкретна акција откако проектил паднал на територијата на руската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск.

Министерството за овој, според нив, терористички акт, ги обвини силите што се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Во нападот никој не бил повредени, ниту е нанесена штета.

Руската амбасада во Дамаск и во мај годинава беше погодена од проектил.