Македонија Отворена недела на граѓаните со Агенцијата за катастар на недвижности

Отворена недела на граѓаните со Агенцијата за катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните дека од денеска до 27 февруари (петок), во Центарот за катастар на недвижности – Скопје, ќе има отворен ден за граѓаните од подрачјето на Град Скопје од 9 до 17 часот.

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат и заедно да ги надминеме истите. Граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на следниве телефони: 3097-300 и 3097-337“, стои во соопштението.