Култура Отворена аудиција за играниот филм „Безимени“

Отворена аудиција за играниот филм „Безимени“

Македонскиот режисер Вардан Тозија е во фаза на интензивни подготовки за неговиот прв долгометражен игран филм со работен наслов „Безимени“.

„Безимени“ е филм за група проблематични млади од маргинални средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, кои го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат – бескомпромисна улична борба до последен здив.

Снимањето на филмот ќе се одвива во Скопје. Главните ликови во филмот се млади машки лица на возраст помеѓу 16 и 20 години, па, за таа цел, продукцијата организира и отворена аудиција за сите заинтересирани кандидати кои не мора да имаат претходно актерско искуство.

Аудицијата ќе се одржи на 31 јануари (сабота) и на 1 февруари (недела) од 10 до 20 часот во џебното кино на Младинскиот културен центар.