Македонија Отворен патот Удово – Демир Капија, сообраќајот и понатаму тече бавно и...

Отворен патот Удово – Демир Капија, сообраќајот и понатаму тече бавно и во колони

По неколкучасовниот вонреден режим, попладнево, околу 16 часот, повторно е нормализиран сообраќајот на магистралниот пат А1, на делницата Удово – Демир Капија, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Поголемиот дел од денот сообраќајот на оваа делница се одвиваше по една коловозна лента, а утрото беше во целосен прекин поради тешката сообраќајната несреќа, во која животот го загуби брачен пар, а нивниот седумгодишен син е пренесен во болница и се наоѓа во критична состојба.

Поради километарските колони и задржувањата, сообраќајот на овој дел од патот сè уште се одвива бавно и во долги колони.

„Според информацијата од полиција во Валандово, од 16 часот, патниот правец Демир Капија – Удово е отворен за сообраќај. Поради сообраќајната незгода беше направена голема колона и затоа сообраќајот во моментов се одвива бавно и во долга колона“, велат од АМСМ.