Технологија Гаџети Отсега ќе нè следат преку батериите на мобилните

Отсега ќе нè следат преку батериите на мобилните

Тим научници од „Стенфорд“ разви апликација која го следи мобилните телефони со помош на батеријата од самиот уред.

Експертите докажале дека движењето на корисниците може да се одреди врз основа на потрошувачката на батеријата. Истражувањето е направено во соработка со израелската агенција „Рафаел“.

Апликацијата која ја направиле научниците, анализира колку енергија од батеријата троши телефонот во одреден момент и врз основа на тоа, ја пресметува нивната оддалеченост од базните станици. Потребни им се само неколку минути за да се одреди точната локација на телефонот. Сепак, за работата на оваа апликација се потребни основни податоци за самиот уред и за неговата почетна локација.

За оние кои сакаат повеќе информации, може да ја преземат студијата на овој линк.