Технологија Гаџети Откриено зошто на телефоните „андроид“ им треба повеќе работна меморија

Откриено зошто на телефоните „андроид“ им треба повеќе работна меморија

„Ајфон“, „Ха-Те-Це“ и „Сони“ паметен телефон

Интернет-страницата „Квора“ (Quora) конечно даде одговор на една од најголемите мистерии за денешните телефони – зошто „ајфон“ работи без проблем со работна меморија од еден гигабајт, а телефоните на оперативен систем „андроид“ им е се потребни два или три гигабајти работна меморија за нормално да функционираат.

Како што наведува вебстраницата, разликата е поврзана со фактот што апликациите за „андроид“ користат „јава“, но и со процесот кој се нарекува „гарбиџ колекшн“.

Во моментот кога корисникот на „андроид“ ќе ја затвори апликацијата, овој процес ја „рециклира“ меморијата. Проблемот е во тоа што тој бара четири до осум пати повеќе меморија, отколку што во моментот се користи за да биде ефикасен. Доколку бараното количество не е достапно, доаѓа до забавување.

Оперативниот систем „иос“ не користи ваков процес, па затоа телефоните „епл“  може да работат со работна меморија од  еден гигабајт, па дури и со такви перформанси да бидат подобри од телефоните со оперативен систем „андроид“.