петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ајФон | 20 резултати

Лага е дека Техномаркет нуди телефони за 114 денари – станува збор за кражба на лични податоци

26 мај 2023

Станува збор за невистинита наградна игра, во која што е злоупотребен брендот на Техномаркет. Наградната игра е неверодостојна и тоа го покажуваат повеќе параметри, но главниот е тоа што како услов за добивање на „награда“ се бара од корисникот односно од учесникот, да остави свои многу сензитивни, лични податоци. Секогаш кога корисниците на Фејсбук ќе […]

Лажна реклама: Нема Ајфон за 125 денари

1 мај 2023

Фан-страницата од којашто се нуди Ајфон за 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции. Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle – официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Огромниот попуст не е објавен ниту на нивната официјална […]

Измама: Ајфон телефон не се продава за 125 денари

18 февруари 2023

Фан-страницата од којашто се споделува попуст за Ајфон телефон по цена од нереални 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви. Реалната цена на телефонот Ајфон 14 про – еден од најновите модели на Apple телефони, […]

Во делови од САД ќе се прифаќаат возачки дозволи преку Ајфон

3 септември 2021

Осум американски сојузни држави ќе прифаќаат возачки дозволи и други државни лични документи зачувани на Ајфон, соопшти „Епл“ (Apple). Функцијата за Ајфон која за првпат беше презентирана во јуни годинава им овозможува на корисниците да складираат лични карти и други документи за идентификација во апликацијата „Wallet“. Системот за прифаќање на документи од телефоните на „Епл“ […]

„Епл“ ќе ги скенира „ајфоните“ на американските корисници за слики од сексуална злоупотреба на деца

6 август 2021

Компанијата „Епл“ ги претстави своите планови за скенирање на своите „ајфони“ кои се продадени на корисниците во САД за пронаоѓање на слики од сексуална злоупотреба на деца, јавува Гардијан. Ваквата најава е поздравена од здруженијата за заштита на сексуалната злоупотреба на деца, бидејќи со алатката neutralMatch ќе може да се пронајде ваквиот компромитирачки фото-материјал. Сепак, […]

„Фејсбук“ без согласност споделувал податоци со производители на смартфони

5 јуни 2018

Социјалната мрежа „Фејсбук“ имала договор за споделување податоци на корисниците со компании производители на смартфони и други уреди, како „Амазон“, „Епл“, „Блекбери“, „ХТЦ“, „Мајкрософт“, „Самсунг“ и десетици други, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори во социјалната мрежа. Како што е наведено, „Фејсбук“ има потпишано договори со најмалку 60 производители на паметни телефони […]

Претреси и апсења во фабрика за лажни „ајфони“ во Кина

28 јули 2015

Кинеските власти извршиле претреси и уапсиле девет лица во фабрика во која, според сомневањата, биле направени 41.000 лажни „ајфони“ на „Епл“, јавуваат светските медиуми. Според информациите, во фалсификувањето биле ангажирани стотици работници кои од деловите на стари, односно половни паметни телефони склопувале „ајфони“, означувајќи ги како нови и ги подготвувале за извоз. Заработката од продажбата на […]

„Епл“ годинава ќе лансира три различни модели „ајфон“

26 март 2015

Компанијата „Епл“ во втората половина на годинава ќе објави три различни модели „ајфон“, пишува „Дигитајмс дејли“. Според индустриски извори, тоа ќе бидат iPhone 6S, iPhone 6S Plus, како и четириинчен уред кој во моментов се нарекува iPhone 6C. Сите телефони ќе доаѓаат со панели LTPS, а исто така се препорачува и да бидат опремени со заштитен […]

Екран на допир кој ја менува текстурата на „ајфон“

16 февруари 2015

Релативно младата компанија „Форм“ од САД го претстави своето уникатно куќиште за „ајпад“ и за „ајфон“, кое создава физички копчиња на самиот екран. Куќиштето „форм“ има посебен поклопец кој со помош не технологијата на микрофлуиди може, по потреба, да „направи“ испупчување на местото каде на екранот се појавува тастатура и на тој начин на корисникот […]

„Ајфон“ преживеа пад од 30 километри и на екстремно ниска температура

21 јануари 2015

Компанија од Калифорнија „Урбан армор гир“, која се занимава со производство на заштитни куќишта за паметни телефони, го тестираше последниот „ајфон 6“, фрлајќи го од „работ на вселената“. Тестирањето е направено со помош на специјален балон, со помош на кој „ајфон 6“ го дигнале на висина од 30 километри. На таа висина надворешната температура изнесува […]

Сноуден не користи „ајфон“ од безбедносни причини

21 јануари 2015

Поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, не користи „ајфон“ бидејќи паметниот телефон на компанијата „Епл“ има „таен шпионски софтвер“, вели неговиот адвокат во Русија, Анатолиј Кучерена. – Сноуден не користи „ајфон“, туку најобичен телефон. Тоа е така од безбедносни причини. Тој уред има посебен, скриен софтвер кој далечински се активира и собира податоци за корисникот – […]

„Ајфонот“ доби сериозна конкуренција од Кина

20 јануари 2015

Произведувачот на паметни телефони „Ксиаоми“ станува сè посилен во својот лов на пазарот со кој владее компанијата „Епл“ со својот „ајфон“. Кинеската компанија неодамна претстави нов модел кој може да се натпреварува со „ајфон 6“, но е потенок, полесен и, најважно од сè, е поевтин. Паметниот телефон на „Ксиаоми“ чини 320 евра, додека последниот модел […]

„Епл“ доби лиценца за свитлив „ајфон“

8 јануари 2015

„Епл“ доби лиценца за свитливиот телефон „ајфон флекс 2“ (iPhone flex 2), кој освен подобра отпорност, опфаќа и функции што ќе можат да се активираат кога уредот ќе биде „свиткан“. Паметните телефони имаат тенденција да се свиткуваат кога подолго време се држат во џебовите на пантолоните, пред сè, поради својата големина и дебелина. Целта е да […]

Пристига „iPhone 6S mini“?

26 декември 2014

Компанијата „Епл“ следната година најверојатно следната година на пазарот ќе лансира помал телефон наречен „iPhone 6S mini“. Како што јавува порталот „Епл инсајдер“, малиот „ајфон“ би можел да дојде со хардверски спецификации кои одговараат на оние од „iPhone 5S“, но најверојатно ќе поседува заоблен дизајн. Покрај тоа, помалиот телефон би требало да биде составен од […]

„Епл“ го запира производството на iPhone 5c

27 ноември 2014

Производството на iPhone 5c ќе биде запрено во текот на првата половина на 2015 година, јави тајванскиот „Индустриал анд комршел тајмс“. Во моментов iPhone 5c е најслабиот паметен телефон во понудата на „Епл“. Имајќи предвид дека се темели на „ајфон 5“, моделот 5c е хардверски застарен уред. Изненадува податокот што „Елп“ и по претставувањето на iPhone […]

Откриено зошто на телефоните „андроид“ им треба повеќе работна меморија

17 ноември 2014

Интернет-страницата „Квора“ (Quora) конечно даде одговор на една од најголемите мистерии за денешните телефони – зошто „ајфон“ работи без проблем со работна меморија од еден гигабајт, а телефоните на оперативен систем „андроид“ им е се потребни два или три гигабајти работна меморија за нормално да функционираат. Како што наведува вебстраницата, разликата е поврзана со фактот […]

Страна 1 од 1