Свет Откриени три ќелии на ИД во Кувајт

Откриени три ќелии на ИД во Кувајт

Кувајтското министерство за внатрешни работи објави дека локалните власти откриле три ќелии на Исламска држава кои планирале напади во Кувајт.

Уапсени се пет Кувајќани, меѓу кои еден полицаец и една жена, кои признале дека планирале напади на шиитска џамија и на зградата на министерството за внатрешни работи, соопшти кувајтското МВР и додаде дека сите уапсени признале дека се припадници на Исламска држава.

Кувајтската полиција трага по тројца мажи со потекло од азиските земји, кои ѝ помагале на една од трите ќелии.

Откривањето на трите ќелии се случи една година дена по самоубиствениот напад што го изврши Саудиец поврзан со ИД, кој се разнесе во шиитска џамија, при што уби 26 верници. Тоа беше најсмртоносниот напад што некогаш бил извршен во Кувајт.

Кувајтскиот суд осуди на смрт еден маж и одреди затворска казна од две до 15 години затвор за осум лица што му помагале на саудискиот напаѓач.