Свет Откриен нов опасен птичји грип во Холандија

Откриен нов опасен птичји грип во Холандија

Холандските власти соопштија дека во живинарска фарма во централниот дел на земјата откриле „високо патоген“ вид на птичји грип, пренесува „Б92“.

Властите вовеле привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија.
Во соопштението на холандската влада, се наведува дека новооткриениот вид на птичји грип е смртоносен за птиците, но дека од него можат да се заразат и луѓе.

Властите синоќа најавија дека на фармата на која е откриен птичјиот грип, во селото Хекендопр во централна Холандија, ќе уништат 150.000 пилиња.