Македонија Отежнато движење по патиштата во Македонија

Отежнато движење по патиштата во Македонија

Денеска на патнитe правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, како и на планинските премини Пресека и Стража, е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на автобуси, а за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

„На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила. Патниот правец Скопје кон Македонски Брод, поради појава на голомразица е тешко прооден, особено за лесните моторни возила“, информираат од АМСМ.