Свет Ослободена киднапираната Французинка во ЦАР

Ослободена киднапираната Французинка во ЦАР

Француската хуманитарка, киднапирана во понеделникот во Банги, во Централноафриканската Република, е ослободена, потврди шефот на француската дипломатија, Лорен Фабиус.

„Нашата сонародничка Клаудија Приест, која беше киднапирана на почетокот од неделата во Централноафриканската Република, конечно е ослободена. Тоа преставува огромно олеснување за сите што работеа на среќната разврска“, стои во соопштението.