Македонија „Ослободен“ Архитектонскиот факултет

„Ослободен“ Архитектонскиот факултет

Студентите од Архитектонски факултет денеска прогласија автономна зона. Ходниците на факултетот ги наполнија со шатори, храна и со пијалаци.

Во моментот кога ги посетивме, се подготвуваа за трибина.

Студентите повикуваат на солидарност и секој кој има можност да им донира храна, овошје, тоалетна хартија и пијалаци.

– Вечерва остануваме тука. Не знаеме колку точно студенти планираат да останат – велат тие.

Студентите од Градежен факултет дојдоа да ги поддржат колегите и попладнево ќе имаат состанок, на кој ќе одлучат дали и тие ќе го окупираат факултетот.