Само секој четврти смета дека постои вистинска универзитетска автономија

-

Според новото истражување спроведено од Независниот академски синдикат (НАС), едвај секој четврти припадник на академската ззаедница верува дека во земјава е целосно остварена универзитетска автономија. Односно, како што велат истражувачите, тоа е последица на перцепцијата дека постои влијание врз раководствата на високообразовните установи од страна на властите.

Истражувањето, кое е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество – Македонија, иако спроведено во период кога се уште не се спроведува целосно новиот закон за високо образование, а сфаќањата на академската фела генерално се базираат на поранешните закони, сепак дава можност да се стекне претстава на нивото на автономијата на универзитетите, велат од НАС.

„Согласно поставените индикатори од страна на Европската универзитетска асоцијација (EUA), оценката укажува на тоа дека нашата земја би била најдобро рангирана во однос на академската автономија и организациската автономија, послабо рангирана во однос на кадровската автономија, и најслабо рангирана во однос на финансиската автономија“, се нагласува во заклучокот од истражувањето.

Како посебно позитивна измена од новиот закон за високо образование е истакнат новиот принцип на избор на ректор, кој сега ќе го врши целата академска заедница, а како проблем се гледа тоа што универзитетите пари како јавно финансирање добиваат од државниот буџет, што многу им го усложнува финансиското работење.

Идентични проблеми има и во поглед на пополнувањето со кадри.

Целосното истражување може да се прочита тука.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...