Економија Органското земјоделство е важно за развојот на руралната економија

Органското земјоделство е важно за развојот на руралната економија

Органското земјоделство е важно за развојот на руралната економија и има огромен потенцијал за вработување млади и прогресивни фармери.

Токму затоа, програмата ИМЕ (Increasing Market Employability), чија основна цел е да овозможи системски промени што ќе доведат до поголеми можности за вработување, оваа година организирано ќе ги вклучи органските производители на саемот за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“.

На сите присутни посетители и потенцијални заинтересирани бизнис-партнери за органско производство, ќе им се претстават можности за соработка со компаниите што ќе се претстават на саемот.

Ќе се одржат и панел-дискусии за придобивките од органските производи, како и за различните бизнис-модели и пристап до финансии за сите кои се заинтересирани да почнат свој бизнис во овој сегмент.

На саемот ќе присуствува и швајцарската компанија за производство на органско семе „сатива“, за да направи анализа за можноста за партнерство и за поддршка на локално производство на органско семе.

Очекуваните клучни резултати од програмата ИМЕ се во период од четири години да се создадат повеќе од 2.000 работни места (директни или индиректни) и да се зголеми нето-приходот на повеќе од 1.000 млади и средни претпријатија за 1,5 милион евра.