Македонија Општина Аеродром преку брошура ќе ги едуцира граѓаните за загадувањето

Општина Аеродром преку брошура ќе ги едуцира граѓаните за загадувањето

„Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот?“, е насловот на брошурата што од денеска Општина Аеродром ќе им ја дели на граѓаните на својата територија.

– Целта е преку оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенти при затоплување на домовите, што ќе придонесе за заштита на воздухот и на здравјето на луѓето, но и за заштеда на финансиски средства – информираат од Општината.

Во брошурата се наведуваат информации за тоа какво дрво треба да се користи при затоплување на домовите, кои производи не треба да се палат, како што се отпад од растенија, весници, тетрапак, гума, дрво од мебел, боја, лак и слично.