Македонија Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката за договор од 73.000 евра со...

Општина Аеродром ќе ја преиспита одлуката за договор од 73.000 евра со маркетинг агенција

Откако телевизијата 24 објави дека градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин склучил договор од 73.000 евра со агенцијата „Меккен“ за информирање на јавноста за активностите на општината и за градење на нејзиниот имиџ за една година, Општина Аеродром денеска соопшти дека е донесена одлука да се преиспита договорот.

„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации. Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните. Граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување“, се вели во соопштението.