Македонија Опозицијата почнува со трибини низ Македонија

Опозицијата почнува со трибини низ Македонија

Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев, почнуваат од Битола

Опозицијата денеска треба да ги почне трибините низ Македонија, на кои со граѓаните ќе се разговара за актуелните политички случувања.

Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваат од Битола.

По вчерашната средба со Андреј Жерновски од ЛДП и со лидерот на НСДП, Тито Петковски, Заев изјави дека ги потврдиле ставовите дека опозицијата не се враќа во парламентот.