Македонија Опозицијата, граѓани и активисти повторно маршираа и бараа оставки од власта

Опозицијата, граѓани и активисти повторно маршираа и бараа оставки од власта

Претставници на најголемата опозициска партија СДСМ, граѓани, активисти и луѓе од кампот поставен пред зградата на Владата, вечерва со получасовен протест и со марш го искажаа својот револт од политиките на актуелната власт и побараа нејзина оставка, јавува „Нова ТВ“.

– Сакаме со овој протест да ги потсетиме премиерот и министрите дека надвор им се случува огромен револт – изјави потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Маршот почна од зградата на Владата и продолжи до Министерството за финансии.

Демонстрантите потоа повторно се вратија во антивладиниот камп, каде вечерва обраќања имаат новинарот Младен Чадиковски, политичарот Драган Тевдовски, бизнисменот Борче Чупетрески и универзитетскиот професор Крсте Шајновски.

Вечерва, диџеј во кампот пред Владата е градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.