Свет ОН: Џихадистите продаваат жени за кутија цигри

ОН: Џихадистите продаваат жени за кутија цигри

Борците на Исламската држава во Ирак и во Сирија продаваат киднапирани тинејџерки на пазарот за бели робје понекогаш и за кутија цигари, изјави специјалната претставничка на Обединетите нации за прашањето за сексуалното насилство, Заинаб Бангура.

Таа во април ги посетила Ирак и Сирија и оттогаш работи на акциски план за решавање на проблемот со сексуланото насилство, кое го прават џихадистите на ИД.

– Тоа е војна која се води преку телата на жените – изјави Бангура, која до податоците за сексуалното насилство дошла преку разговори со жени и со девојки што побегнале од заробеништвото во областите контролирани од ИД, со локални верски и политички лидери и при нејзината посета на бегалците во Турција, Либан и во Јордан.

Џихадистите организираат пазар на кој тргуваат со девојки што ги киднапираат во текот на нивните офанзиви, но засега нема податоци за тоа колку девојки и жени се држат во заробеништво.