Македонија Околу 300 лица во Гостивар побарале медицинска помош поради стомачни болки

Околу 300 лица во Гостивар побарале медицинска помош поради стомачни болки

Околу 300 лица во Гостивар вчера и денеска побарале медицинска помош поради стомачни болки и дијареа. Од Министерство за здравство соопштуваат дека екипи од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) се на терен, ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе издадат решение со конкретни мерки.

– Од епидемиолошките анкети и другите спроведени мерки со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност со консумирање храна од еден објект. Значи, се исклучува труење со храна како причинител. Во тек е обработка на податоците, по што надлежните ќе излезат со соопштение – соопштуваат од Министерството за здравство.