Хроника Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

Утринава, околу 2 часот, во Скопје, во населбата Илинден, на бензинска пумпа „Макпертол“, две непознати маскирани лица, од кои едниот вооружан со пиштол кој го вперил во главата на вработениот, извршиле разбојништво, одземајќи му од работната торба околу 50.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите.