Македонија Оер: Чекаме што ќе покажат истрагите кои се во тек

Оер: Чекаме што ќе покажат истрагите кои се во тек

Нашата желба е Македонија што поблиску да се приближи до европското семејство, а на тој пат треба да се напредува, изјави француската амбасадорка Лоренс Оер, денеска на средбата насловена „ЕУ во Македонија – кафе-пауза со Француската амбасада“.
Според неа, се наоѓаме во средина на еден политички дијалог, кој од Скопје, синоќа продолжи во Стразбур, и треба, како што рече, на тој процес да му се дадат сите можности.
– Нема скриени агенди и треба јасно да се кажува состојбата таква каква што е и да им се објаснува на граѓаните затоа што заслужуваат постојано да бидат информирани. Постојат и истраги кои се во тек и чекаме да слушнеме што ќе покажат – изјави амбасадорката Оер.