Македонија Одложено рочиштето за „Маѓар Телеком“, судењето продолжува в година

Одложено рочиштето за „Маѓар Телеком“, судењето продолжува в година

Денешното рочиште за предметот „Маѓар Телеком“ е одложено поради обемноста на доказниот материјал на предметот. На денешното рочиште требаше да биде сослушан сведок од одбраната.

Случајот „Маѓар Телеком“ во 2009 година беше отворен од Основното јавно обвинителство.

СЈО во неколку наврати бараше и преземање на предметот во нивни раце, но од ОЈО не дозволуваа, велејќи дека не произлегувал од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во предметот обвинети се тројца екс-директори на „Телеком“: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.

Следното рочиште е закажано за 25 јануари 2019 година.