Македонија Одбележување на Светскиот ден на театарот за деца

Одбележување на Светскиот ден на театарот за деца

Театарот за деца и младинци денеска, под мотото „Однеси дете в театар“, ќе го одбележи Светскиот ден на театарот за деца.

Како што соопштија од театарот, пред почетокот на претставата „Пипи Долгиот Чорап“, ќе биде прочитана светската порака, а приходот од билетите од оваа претстава, како и од претставата „Убавицата и ѕверот“, ќе биде дониран на Државното училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“.