Македонија Одбележани 146 години од раѓањето на Гоце Делчев

Одбележани 146 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во рамки на одбележување на 146-годишнината од раѓањето на националниот херој и револуционер, Гоце Делчев, владина делегација положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

„Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата во правец на остварување на тој вековен сон за слободна, демократска и економски напредна земја. Во духот на единство и сплотеност потребна е вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност“, се вели во соопштението на Владата.

Годишнината од раѓањето на Делчев, беше одбележана во повеќе градови во државата и од различни партии.