Македонија Од утре радијаторите ќе бидат топли

Од утре радијаторите ќе бидат топли

За потрошувачите кои се во системот на снабдување на „ Балкан енерџи“ во Скопје, од утре почнува новата грејна сезона.

Испораката на топлинска енергија до потрошувачите почнува порано од вообичаено поради падот на температурата.

„Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, според податоците од Управа за хидрометеролошки работи на Република Македонија. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот почеток на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
Во изминативе неколку денови, екипите вршеа континуирани ладни проби на системот за да се отстранат евентуалните пречки и да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, се вели во известувањето од компанијата.